Connect with us

Фудбал

Лион го позајми Ендрик од Реал

Младиот напаѓач на Реал Мадрид, Бразилецот Ендрик Фелипе Мореира де Соуса, попознат како Ендрик (19), ќе го мине остатокот од сезоната на позајмица во Лион, објави вечерва францускиот клуб на социјалните мрежи.

Ендрик ќе остане во Лион до јуни 2026 година, а францускиот тим нема да има опција да го откупи договорот.

Како што е објавено, според договорот, Лион ќе плаќа 50 проценти од платата на играчот.

Оваа сезона Ендрик одигра само три натпревари за Реал во сите натпреварувања и акумулираше само 99 минути.

Минатата сезона одигра 37 натпревари, постигна седум голови и запиша една асистенција.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 4