Connect with us

Општини

Продолжува реконструкцијата на уличните тротоари во Велес

Градежни зафати неделава отпочнаа на улицата „Алексо Демниевски -Бауман”, во близина на центарот на Велес, каде во тек е реконструкција на тротоарот кај паркингот кај  Ликовниот салон.

Како што информираат од Општина Велес, се крши асфалтот и ќе се подготви подлогата за поставување на бехатон цигли, а со цел подобар излглед и пофункционален тротоар кој нема да се лизга при дожд и снег.

Инаку во изминатиот период беа реконструирани и дел од тротоарите на улиците „Костурска” и „Тодор Јанев”.

Градоначалникот Марко Колев, потенцира  дека со реконструкција на тротоарите, тие како локална власт водат грижа за безбедното движење на пешаците на овие градски делници. Некои од нив се во високите стрмни делови од градот, посебно е непходно да бидат безбедни.

Тој најави дека и во 2026 година ќе  продолжи реконструкција на други оштетените тротоари и улици  низ градот.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4