Connect with us

Кошарка

Објавен идеалниот тим на НБА купот

НБА лигата ја објави синоќа идеалната петорка на неодамна завршеното куп натпреварување во кое триумфираа кошаркарите на Њујорк.

Во идеалниот тим на НБА купот се најдоа кошаркарите на Њујорк, Џејлен Брансон и Карл-Ентони Таунс, Дирон Фокс од Сан Антонио, словенечкиот репрезентативец и член на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, како и играчот на Оклахома Сити Шеј Гилџес-Александер.

Идеалниот тим беше избран од медиумски панел составен од 20 гласачи, врз основа на перформансите на играчите во групната и нокаут фазата од натпреварувањето.

Во финалето на НБА купот кое се одигра ноќта меѓу вторникот и среда во Лас Вегас, кошаркарите на Њујорк го совладаа Сан Антонио со 124:113, освојувајќи го првиот трофеј од 1973 година.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4