Connect with us

Општини

Благо зголемување на заболени од грип во Куманово

Незначително зголемување на заболени од грип бележи Центарот за јавно здравје Куманово, информираа денеска надлежните. Последната недела, установата евидентирани 23 случаи, а претпоследната седумнаесет.

– Она што е значајно е дека од почетокот на сезоната односно од 40-тата недела на подрачјето на ЦЈЗ Куманово, опфаќајќи ги тука општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково, вкупно регистрирани се 244 лица, што споредено со истиот период лани, има зголемување за 50 случаи, изјави д-р Јадранка Стаменковска, началник на епидемиологија од ЦЈЗ Куманово.

Во соседните општини Крива Паланка, Кратово и Ранковце нема пријавени. Лабораториските испитувања на Центарот покажуваат дека во овој период се јавуваат респираторни инфекции, аденовируси.

– Најзастапена е возрасната група од 15 до 64 години меѓутоа и таа е најбројна и се очекува сè уште имаме низок број на деца и до четиригодишна возраст и она училишна возрасна група меѓутоа очекуваме да расте бројот, изјави Стаменковска.

Лекарите препорачуваат одржување хигиено-диететски режим и константно придржување мерки за силен имунитет, да се избегнува престој и близок контакт со веќе заболени личности, миење раце, проветрување на простории, внесување свежа храна богата со витамини и минерали, слоевито облекување, практикување здрав начин на живот и навики, добар сон и одмор, здрава храна, психофизичка активност. 

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1