Connect with us

Општини

Нацева уверува дека мигранти од Велика Британија нема да има ни во Неготино, ни на територијата на државата

Градоначалничката Марија Нацева на „Фејсбук“ објави дека мигранти од Велика Британија нема да има ни во Неготино, ни на територија на државата.

-Ви се обраќам како градоначалничка на Неготино со цел да Ве информирам и уште еднаш потврдам дека одбиени мигранти од Велика Британија како резултат на договор помеѓу двете земји, на територијата на општина Неготино, нема да има. Дотолку повеќе, вакви мигранти нема да има ни на територијата на Република Македонија, нешто што беше потврдено и од премиерот на државата. Општина Неготино останува безбедна и мирна општина за живеење, пишува во објавата на социјалната мрежа.

Таа додава дека ги замолува сите да не бидат жртва на шпекулации и дезинформации.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4