Connect with us

Општини

Завршена фасадата на црквата „Преображение на Господ Исус Христос“ во Кочани

Фасадата на храмот  „Преображение на Господ Исус Христос“ во Кочани е успешно завршена.  Црковниот одбор упатува благодарност до сите кои помогнале во реализацијата на овој чекор, значаен посебно за верниците од делот на градот кај т.н. „Атомски згради“.

Луѓето од Црковниот одбор велат дека работата продолжува, бидејќи претстојат уште активности за доисплата на средствата за изведените работи и за внатрешно уредување на овој верски објект.

-Секој прилог, без разлика на износот, е благослов и сведоштво за нашето заедништво,“ порачуваат од одборот и ги повикуваат сите добронамерници кои се во можност да придонесат, со цел храмот целосно да биде завршен и да прерасне во ново духовен прибежиште за верниците.

Црквата  „Преображение на Господ Исус Христос“ започна да се гради во 2006 година, а во 2021 – та  е доведена до карабина. Располага со површина од 364 квадратни меетри и галерија за црковен хор.  По изградбата на фасадата, преостанува внатрешното уредување и фрескоживописот. 

За сите што сакаат да помогнат, објавени се следните податоци за донации:

Денарска сметка: 300050000202812 – Комерцијална банка

ВОСКРЕСЕНИЕ 2017  Кочани

Девизна сметка: IBAN: MK07300701004287658 SWIFT: KOBSMK2XK0B Комерцијална банка

Од црковниот одбор апелираат за заедничка поддршка до целосно завршување на Божјиот дом.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4