Connect with us

Кошарка

Партизан ја забележа третата победа по ред по заминувањето на Обрадовиќ

Тимот на Партизан влезе во победничка серија, откако од тренерската позиција си замина Жељко Обрадовиќ. „Црно-белите“ синоќа ја совладаа Црвена ѕвезда во 15.коло на Евролигата.

До триумфот Партизан дојде по голем пресврт во последната четвртина која ја доби со 30:16.

Ова е шеста победа на Партизан сезонава во Евролигата, а Црвена ѕвезда го претрпе шестиот пораз. Под водство на новиот тренер Мирко Оцокољиќ ова е втора победа по ред во Евролигата (има една и во АБА-лигата).

На другите натпревари од кошаркарското елитно натпреварување одиграни синоќа:
Дубаи – Баерн 89:88
Монако – Фенербахче 86:92
Барселона – Олимпијакос 98:85
Виртус Болоња – Хапоел Тел-Авив 74:79.

Лидер на табелата е Хапоел Тел-Авив со 11 победи и четири порази.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3