Connect with us

Кошарка

Ласо нов тренер на Ефес

Анадолу Ефес го назначи шпанскиот кошаркарски стручњак Пабло Ласо за главен тренер. Педесет и осумгодишниот Шпанец доаѓа во Истанбул на местото на Игор Кокошков.

Ласо остана без клуб во летото 2025 година, откако ја напушти Басконија. Претходно беше тренер на Баерн Минхен, Реал Мадрид и Валенсија.

Со Реал Мадрид, Ласо шест пати го освои шпанското првенство, а двапати Евролигата (во 2015 и 2018 година).

По 15 натпревари, Ефес е на 18. место на табелата во Евролигата со биланс 5-10 (победи-порази). Тимот е на петтото место во турското првенство со 16 бода по 10 натпревари.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2