Општини
Во Неготино доделени 38 ваучери на родители кои во изминатиот квартал имале новороденчиња
Во салата за состаноци на Општина Неготино, денеска доделив 38 ваучери со вредност од 7.000 денари на родители кои во изминатиот квартал имале новороденчиња и го прошириле своето семејство, информираше градоначалничката Марија Нацева на нејзината „Фејсбук“-страница.
За таа цел, како што појасни Нацева, од буџетот на општина Неготино биле издвоени средства од 266.000 денари како еднократна поддршка за семејствата со новороденчиња.
– На сите присутни им ги честитав приновите, а на бебињата им посакав добро здравје и среќа во животот. Со денешниот настан го заокружуваме доделувањето ваучери за тековната година, а со иста динамика продолжуваме и во 2026 година, додаде градоначалничката.
декември 13, 2025


