Connect with us

Општини

Средба на градоначалникот Коњановски и британскиот амбасадор Лосон

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски попладнево во неговиот кабинет оствари средба со британскиот амбасадор во Македонија, Метју Лосон.

За време на првата официјална посета на Битола, градоначалникот Коњановски и амбасадорот Лосон ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека градоначалникот Коњановски го запознал амбасадорот со културно-историското минато на градот, економските можности и услови за взаемна соработка.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1