Connect with us

Ракомет

Германија прв полуфиналист на женското СП во ракомет

Германската женска ракометна репрезентација вечерва пред своите гледачи во Дортмунд се пласираше во полуфиналето на Светското првенство, откако го победи Бразил со 30:23 (17:11).

Германија до победата во првиот четвртфинален натпревар на мундијалскиот турнир ја предводеа Антје Дол со шест и Емили Фогел со пет голови.

Во составот на Бразил, Бруна Де Паула беше најефикасна со шест голови.

Во полуфиналето, Германија ќе игра против победникот од утрешниот четвртфинален натпревар меѓу Данска – Франција.

Вториот полуфиналист ќе биде познат вечерва по одигрување на дуелот меѓу Норвешка и Црна Гора.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2