Connect with us

Останати спортови

Гавриловиќ нов селектор на македонската одбојкарска репрезентација

Милош Гавриловиќ е нов селектор на македонската женска одбојкарска репрезентација. Актуелниот тренер на романски Динамо Букурешт е избор на Извршниот одбор на Одбојкарската Федерација на Македонија да ги предводи одбојкарките.

Договорот е на две години, со можност истиот да биде продолжен.

Гавриловиќ ја превзема функцијата откако ОФМ ја заврши соработката со Стефан Пауновиќ, кој ја водеше репрезентацијата во изминативе четири години.

Србинот од 2019-та година работи како тренер во Романија, водејќи ги женските тимови на Динамо Букурешт. За 41-годишниот стратег предизвик е да работи со млади играчи, факт кој го потврдува и со досегашната работа, а на чело на македонскиот женски тим застанува со визија како селекцијата треба да расте и да се развива во иднина.

– Ги следев настапите на Македонија во Европската лига и квалификациите за ЕП 2026 и мислам дека екипата има талент и потенцијал. Работата со млади играчи, односно тимови е предизвик за мене и верувам дека со добра работа и трпение, можеме да стигнеме до резултати. Сакам кога и јас како тренер растам заедно со екипата. Моите обврски стартуваат веднаш, веќе ги следам настапите на дел од играчите и имам визија во која насока треба да биде работата со екипата. Планирам да дојдам и во Македонија за со новиот стручен штаб да имаме неколку состаноци и да ги дефинираме плановите и програмата во пресрет на првата акција во мај следната година. Се радувам на новиот предизвик, изјави новиот селектор.

Гавриловиќ ќе го формира новиот стручен штаб, во кој засега е познато дека ќе има нов кондиционен тренер Романецот Рареш Стелиан Стоика со кој соработува и во Динамо Букурешт, додека останатите членови дополнително ќе бидат дефинирани.

На селекторското место Гавриловиќ официјално ќе дебитира следната година кога репрезентацијата ќе се натпреварува во Европската лига 2026.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2