Connect with us

Фудбал

Рамос го напушта мексикански Монтереј

Шпанскиот фудбалски дефанзивец Серхио Рамос потврди дека нема да го обнови договорот со мексиканскиот тим Монтереј, каде што игра од февруари, јавија денеска светските агенции.
Рамос, кој со Реал Мадрид освои четири шпански титули, а со Шпанија и титулата светски првак, најави заминување од Монтереј, ден по елиминацијата од Толука во полуфиналниот плејоф во мексиканското првенство
„Да, тоа беше мојот последен натпревар“, изјави 39-годишниот Рамос за мексиканската телевизија. Минатата недела, локалните медиуми објавија дека Рамос нема намера да го обнови договорот.
Рамос не обелодени каде ќе ја продолжи кариерата, но според мексиканските медиуми, тој се надева дека ќе се врати во Европа во обид да избори место во шпанската репрезентација Светското првенство во 2026 година.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3