Connect with us

Ракомет

ИХФ ја призна грешката, ракометарките на Србија оштетени

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ја призна грешката на аргентинските судијки на дуелот меѓу Србија и Фарски острови. Жалбата на Ракометниот сојуз на Србија е прифатена.

Во последниот напад на вчерашниот натпревар беше досуден пасивен напад од страна на српската репрезентација Јована Јововиќ, која потоа доби и црвен картон поради опструкција на играта.

По анализата на ситуацијата и судиската експертиза утврдено е дека Србија е оштетена од страна на аргентинските судијки и тие со својата одлука влијаеле на конечниот резултат.

Направена е неправда. Упатуваме апел судењето до крајот на Светското првенство да биде регуларно и судиите да не влијаат на конечниот резултат, се работи за завршница и борбата за пласман, изјави генералниот секретар на РСС Иван Миливојевиќ.

За репрезентацијата на Србија да избори четвртфинале на првенството потребно е да освои бод на утрешниот дуел со Црна Гора. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4