Ракомет
Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб
Ракометарите на македонскиот првак Еурофарм Пелистер вечерва претрпеа нов пораз во групата Б од Лигата на шампионите. Тие во дуелот од 10.коло загубија на гостувањето кај хрватскиот првак Загреб со 27:23. Ова за домашната екипа беше прва победа и први освоени бодови сезонава во групата од Лигата на шампионите.
Битолчани добро го почнаа натпреварот и имаа предност од четири разлика (5:1), но по десет минути игра почнаа да грешат во нападот и домашниот тим полека ја „топеше“ предноста на Е.Пелистер и стигна до изедначување 7:7. До крајот на првиот дел Загреб имаше и предност од 14:12.
На почетокот на вториот дел се беше во знакот на голманот на домашниот тим Сандро Мештриќ (заврши со 12 одбрани), но кога беше најпотребно успеваше да ги одбрани ударите на ракометарите на Еурофарм Пелистер. Хрватскиот првак стигна до највисоките +6 во неколку наврати, а разликата во вториот дел најчесто беше меѓу 4-6 голови.
Филип Главаш со 10 голови беше најефикасен, додека кај Еурофарм Пелистер 7 постигна Филип Кузмановски.
Еурофарм Пелистер остана со четири бодови на седмото место во групата Б. Следниот натпревар македонскиот шампион го игра на домашен терен на 19.февруари 2026 година.
декември 4, 2025

