Фудбал
Гвардиола: Се надевам дека Фоден ќе остане во Сити до крајот на кариерата
Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ги истакна силните страни на играчот од средниот ред Фил Фоден.
– Се надевам дека ќе може да остане во клубот до крајот на кариерата. Тој е посебен играч, навивач на Манчестер сити уште од деновите во академијата, нема сомнение за тоа. Што се однесува до капитенската лента, ако сака да биде таков, тогаш да. Тој секогаш бил лидер на теренот. Не е од оние што зборуваат многу во соблекувалната, но на теренот никогаш не бледнее во втор план. Тој секогаш ја презема одговорноста од првиот ден и има неверојатна харизма на теренот, изјави Гвардиола за клупската веб-страница.
Оваа сезона, 25-годишниот Англичанец има 17 настапи во сите натпреварувања, постигна шест гола и три асистенции.
декември 3, 2025

