Connect with us

Фудбал

Ница го осуди нападот на навивачите врз Мофи и Бог

Францускиот фудбалски клуб Ница објави соопштение во врска со нападот на навивачите врз играчите на тимот.

– Во неделата, по враќањето од Лориен (тимот загуби со 3:1 во 14. коло од Лига 1), играчите беа пречекани пред тренинг-центарот на клубот од голема група навивачи. Клубот го разбира разочарувањето предизвикано од серијата лоши настапи. Сепак, инцидентите направени за време на оваа средба се неприфатливи. Неколку вработени во клубот беа нападнати. Ница ја изразува својата целосна поддршка и остро ги осудува овие дејствија, се вели во соопштението.

Стотици навивачи на Ница ги нападнаа играчите вербално и физички по поразот од Лориен. Според „Фут Меркато“, навивачите го истепаа  напаѓачот Терем Мофи и играчот од средниот ред Жереми Бога. 

Според денешните информации во француските медиуми, Бога ќе биде надвор од терените пет дена, а Мофи е на боледување до крајот на неделата.

Ница претрпе шест последователни порази во сите натпреварувања. Во француската лига, тимот е на 10. место со 17 бода по 14 натпревари. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1