Connect with us

Фудбал

Трамп ќе присуствува на жрепката за СП2026

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на жрепката в петок во Вашингтон со која ќе биде одреден составот на групите за Светското фудбалско првенство 2026, потврди денеска портпаролката на Белата куќа Каролин Ливит.

„Претседателот Трамп в петок ќе присуствува на извлекувањето на групите за Светското првенство во Центарот Кенеди“, изјави Ливит.

Жрепката е закажана за 5 декември во Вашингтон, со почеток во 18 часот по македонско време.

Извлечени ќе бидат 12 групи со по четири репрезентации, а досега се познати се 42 земји учеснички на Мундијалот. Преостанатите шест ќе бидат познати по одигрување на дополнителните баражи во март идната година.

Македонската фудбалска репрезентација во полуфиналето од плејофот на 26 март ќе игра против Данска на гостински терен во Копенхаген. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 2