Connect with us

Фудбал

У19: Македонските фудбалерки се пласираа во А дивизијата во Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години обезбеди промоција во А дивизијата во Лигата на нации, откако денеска одигра нерешени против Словенија 1-1 во Струмица и заврши првопласирана во квалификациската група 5 од Б дивизијата.
Освоениот бод во дуелот со директниот конкурент беше доволен за избраничките на селекторот Кирил Изов да го освојат првото место во квалификациите, благодарение на подобрата гол-разлика од Словенија, откако и двете репрезентации собраа по седум бодови.
Словенките дојдоа во водство на дуелот одигран попладнево на Тренинг комплексот „Горан Пандев“ во 35 минута со голот на Шпела Гербец, а само пет минути подоцна Меланија Грозданова го постави конечниот резултат.
Македонските фудбалерки во воведните два кола беа поуспешни од Грузија (3-0) и Азербејџаа (3-1) и идната пролет ќе ги продолжат квалификациите за пласман на Европската првенство во А дивизијата во Лигата на нации.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3