Connect with us

Фудбал

Гасперини за поразот од Наполи: Ни недостасуваше енергија

Тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, ги објасни причините за поразот на Рома од Наполи синоќа со 1:0 од Наполи во 13. коло од Италијанското фудбалско првенство.

– И ние како и Наполи имавме малку шанси. Разочарувачки е што ни недостасуваше енергија. Плативме висока цена за победата во натпреварот од Лигата на Европа во четвртокот. Ни недостасуваше брзина и не ја движевме топката доволно брзо. Кога играте против толку организиран противник како Наполи, ова не може, а да не боли. За жал, денес не можевме да играме како што сакавме во толку важен натпревар, изјави Гасперини за „Фудбал Италија“.

Рома е на четвртото место со 27 бода. Заврши серијата од четири победи на тимот во сите натпреварувања.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3