Connect with us

Општини

Градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски избран за претседател на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, е избран за претседател на Советот на градоначалници на Источно планскиот регион (ИПР). Во Штип денеска се одржа конститутивната седница на Советот, а во овој Совет се вклучени новоизбраните градоначалници на 11 општини од Источно планскиот регион.

-За мене како нов претседател на регионот и за моите колеги градоначалници приоритети ќе бидат сите оние регионални проекти, кои и до сега беа како проблем, меѓутоа од повеќе причини не се реализирани. Но и сите нови идеи и предлози со кои ќе бидат засегнати повеќе општини од источниот регион, вели Тоневски.

Градоначалниците од 11 општини од источниот регион денеска одржаа и конститутивна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источно планскиот регион. Изградбата на регионаланата депонија во светиниколското село Мечуевци останува приоритет кој треба да биде завршен во наредните години.

-Се надевам дека во овој мандат конечно ќе се реши проблемот со изградбата на регионалната депонија, која е еден од најголемите проблеми, не само во нашиот регион, туку на ниво на цела држава, изјави Тоневски.

На седницата во Штип присуствуваа градоначалниците на 11 општини од Источно планскиот регион.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1