Connect with us

Останати спортови

Уште две бронзи за македонските кик боксери на Светското првенство

Македонските претставници на Светското првенство во кик бокс што се одржува во Абу Даби обезбедија уште два бронзени медали.

Силвио Мировски успеа да се пласира во полуфиналето по победата над Полјакот Павел Кониечени со 3-0. Во полуфиналето ќе се бори со Бохдан Скитник од Украина.

Триумф во четвртфиналето оствари и Стефан Михајловски со победа над египетскиот натпреварувач Мостафа Јахија Мухамед Саад со 3-0 со прекин и го обезбеди третиот бронзен медал.

Резултати – Светско првенство:

Кик лајт (-89 кг)

Климент Грозданоски – Џошуа Франц Мацнер (ЈАР) 3-0 1/8 финале

Климент Грозданоски – Франческо Ијаконџело (Италија) 0-3

(+94 кг)

Стефан Михајловски – Михал Јанак (Словачка)3-0 1/8 финале

Стефан Михајловски – Мостафа Саад (Египет) 3-0 ТКО

Лоу кик (-71 кг)

Силвио Мировски – Мухамед Карими (ОАЕ) 3-0 1/16 финале

Силвио Мировски – Лазар Ступар (Србија) 3-0

Силвио Мировски – Павел Кониечни (Полска) 3-0

Полуфинале    Силвио Мировски – Бохдан Скитник (Украина)

К-1 (-86 кг)

Нелсон Узеир – Мартин Лоренц (Чешка) 2-1 1/8 финале

Нелсон Узеир – Рикардас Кулис (Литванија) 1-2

Бронзен медал вчера освои и Бобан Илиоски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2