Останати спортови
Петар Мијалков ги освои БМУ Европскиот шампионат и Државниот шампионат
Мотоциклистот Петар Мијалков успеа да се искачи на самиот врв на БМУ Европскиот шампионат, а го освои и Државниот шампионат за 2025 година.

– Со моќни настапи, стабилни резултати и карактер што не отстапува пред предизвиците, Петар ја испиша една од најубавите страници во историјата на нашиот мото спорт. Во негова чест, во Штип беше организиран свечен шампионски круг, каде што љубителите на мотоциклизмот го поздравија и му оддадоа признание за европскиот успех, соопштија од тимот на Петар Мијалков.
Македонскиот мотоциклист по повод 8 Ноември – Денот на ослободувањето на Штип, доби и специјална награда и признание од градоначалникот Иван Јорданов и од Градот Штип, како благодарност за огромниот придонес и промоција на градот на меѓународната спортска сцена.
Мијалков активно се натпреварува само три години. Во неговата втора натпреварувачка година (2024) ја освојува својата прва голема титула – БМУ Европски вицешампион и Државен шампион на Македонија.
ноември 28, 2025

