Општини
Промоција на два проекти што ќе се реализираат преку Програмата на ЕУ за прекугранична соработка Македонија – Албанија
Министерството за локална самоуправа и Делегацијата на Европската унија во земјава во Охрид ќе го промовираат почетокот на два нови проекти финансирани преку Програмата за прекугранична соработка, како и договорите за кофинансирање на тие проекти со Министерството за локална самоуправа.
На промоцијата е предвидено присуство на министерот за локална самоуправа Златко Перински, амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, директорката на Директоратот за конвергенција и кохезија со ЕУ на Албанија, Еридана Чано, како и градоначалниците на Охрид и на Крушево, Кирил Пецаков и Нико Чонески.
Односните два проекти со во насока на промоција на одржлив регионален развој, заштита на животната средина и безбедност на заедницата, преку засилена соработката во рамките на локалните заедници и преку границата. Истовремено имаат за цел зајакнување на регионалните капацитети за одржлив развој на туризмот.
Вкупната вредност на проектите е над 1,6 милиони евра, од Програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија. Ова е една од петте програми во кои Северна Македонија учествува со своите соседни земји.
Овој пакет на средства од ЕУ во износ од околу 12 милиони евра, е наменет за поддршка на проекти што промовираат економски раст, еколошка одржливост и социјална интеграција во двете земји.
ноември 28, 2025

