Connect with us

Вести

Вонредна инспекција на кујните во девет основни училишта во Карпош по труењето во „Димо Хаџи Димов“

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека денеска нејзини инспекциски тимови спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во Основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна.
 
Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера ја затвори кујната во ОУ „Димо Хаци Димов“ во скопската населба Влае откако голем дел ученици се пожалиле на стомачни болки.
 
Во рамки на вонредните контроли во овие училишта каде нема деца кои појавиле симптоми на труење со храна, посочуваат од АХВ, се земаат мостри од храна, и од работните површини за лабораториско тестирање. 
 
Од АХВ потенцираат дека ги чекаат резултатите од тестирањата на земените примероци храна и од работните површини во рамки на вчерашната вонредна инспекциска контрола која заедно ја спроведоа нивните инспектори за храна, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ценатрот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1