Connect with us

Ракомет

Бодовите во Германија, дуел за заборав Еурофарм Пелистер – Магдебург 26:31

Европскиот ракометен шампион Магдебург го совлада Еурофарм Пелистер со 31:26, во натпревар кој брзо ќе се заборави.

Во дуелот од кој се очекуваа ракометни мајстории и атрактивни моменти, за жал надвладеа германската рутина и победа заради победа, доволна за бодовите да заминат во Магдебург.

Гостите во текот на целиот натпревар беа во водство со 3 до 6 голови предност и со сè чини непотребна привилегираност од словачките судии Мандак и Рудински.

Победата на гостите ја обезбедија најефикасните поединци, Јенсен со 6, Клор и Лагергрин со по 5 голови, а кај битолчани со својата прецизност се истакнаа Манасков и Радивоевиќ со по 5 голови.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3