Connect with us

Останати спортови

Мик Шумахер идната сезона во Индикар

Германскиот возач Мик Шумахер (26), син на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, идната сезона ќе се натпреварува во американската Инди серија за екипата Рахал Летерман Ланиган (RLL), објави денеска тимот.

Синот на легендарниот седумкратен Ф1 шампион зад себе има 43 стартови во Формула 1 и најдобар пласман на шестото место. Во сезоните 2021 и 2022 Мик Шумахер возеше за тимот Хаас, а подоцна беше тест возач за Ферари и Мерцедес.

„Чест ни е да го пречекаме Мик во нашиот тим. Нè импресионираше со својата брзина, приспособливост и техничко знаење“, рече Боби Рахал, кој е еден од сопствениците на тимот заедно со познатиот телевизиски водител и комичар Дејвид Летерман.

Шумахер ќе го вози Dallara DW12 со мотор на Хонда во сите 17 трки следната сезона.

„Возбуден сум за автомобилот и американскиот начин на мотоспорт, кој се чини дека е повеќе фокусиран на чисто и директно тркање, и токму тоа го очекувам. И секако, љубопитен сум за нови искуства и секогаш сум заинтересиран за проширување на моите хоризонти. За мене, ново патување започнува тука и возбуден сум поради почетокот на сезонат“, рече Шумахер.

Сезоната „NTT Indy Series 2026“ започнува на 1 март, а последната 17 трка ќе се вози на 6 септември.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1