Connect with us

Вести

Двајцата инспектори од УЈП остануваат во куќен притвор, судот во Кочани ја одби жалбата за построги мерки

Основниот суд – Кочани ја одби жалбата на Обвинителството со барање за промена на домашниот протвор со ефективен затворски притвор за двајцата инспектори од УЈП, Д.П. и Д.Д., додека  останатите деветмина осомничени се со определени мерки за претпазливост. Ова одлука на кочанскиот Основен суд е објавено денеска на нивната веб страница.

Двајца даночни контролори кои се во куќен притвор ја искористиле својата службена положба и овластување и пристапот до податоци и информации за ненајавени контроли во правни субјекти – даночни обврзници и со цел да прибават противправна имотна корист и подароци му ги откривале информациите и го предупредувале за контролите одговорното лице во клубот.

Тие се осомничени за – Примање поткуп од член 357 од Кривичниот законик, додека одговорното лице – син на реалниот сопственик на „Пулс“ е осомничен за – Давање поткуп од член 358 од Кривичниот законик.Шестмина осомничени, даночни инспектори и управници од регионалните дирекции на УЈП во Штип и Струмица, им овозможувале на правните субјекти „ММММ кафе“ и „Пулс“ да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без соодветна фискализација, со што се осомничени дека сториле – Злоупотреба на службената положба и овластување согласно член 353 од Кривичниот законик.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1