Кошарка
Поранешниот НБА играч Родни Роџерс почина на 54 години
Поранешниот НБА кошаркар Родни Роџерс почина на 54-годишна возраст, објави Бруклин Нетс.
За време на неговата НБА кариера, тој играше за Денвер, Клиперс, Феникс, Бостон, Њу Џерси, Њу Орлеанс и Филаделфија. Во сезоната 1999/2000, Роџерс беше прогласен за „Шести играч на годината“.
Одигра 866 НБА натпревари, со просек од 10,9 поени, 4,5 скока и 2,0 асистенции.
Во ноември 2008 година, Роџерс имаше несреќа со мотоцикл и по инцидентот остана парализиран од рамената надолу.
ноември 23, 2025

