Connect with us

Ракомет

ЛШ: Еурофарм Пелистер убедливо поразен на гостувањето во Сегед

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го претрпеа шестиот пораз во Лигата на шампиони, откако вечерва на гостински терен загубија од унгарски ПИК Сегед со 35-20 (14-9) во рамки на осмото коло во групата Б.

Унгарскиот тим ја оправда фаворитската улога пред своите гледачи и му се реваншираше на македонскиот првак за поразот (25-24) пред една недела во Битола.

Дејан Манасков, Алем Хаџиќ и Петар Атанасијевиќ со по три голови беа најефикасни во редовите на Еурофарм Пелистер, а Саид Хејдарирад запиша осум интервенции на голот.

По осмото одиграно коло, ракометарите на Еурофарм Пелистер останаа на претпоследното, седмо, место на табелата со четири бодови пред дуелот на домашен терен против лидерот во групата Магдебург на 26 ноември во Битола. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2