Connect with us

Останати спортови

Обединетите нации усвоија Резолуција за олимписко примирје за време на ЗОИ2026

Генералното собрание на Обединетите нации усвои Резолуција со која се повикува на олимписко примирје за време на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и Кортина д’Ампецо во 2026 година.
Нацрт-резолуцијата, насловена „Градење помирен и посреќен свет преку спортот и олимпискиот идеал“, беше усвоена со консензус.
„Мораме да работиме заедно за да го одвоиме спортот од политиката. Ова значи дека спортистите мора да можат да патуваат до земјите домаќини и да се натпреваруваат, а не да се соочуваат со заканата да бидат заглавени дома затоа што им се одбиени визи од политички причини“, изјави претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Кирсти Ковентри, пред гласањето.
Документот се состои од девет точки, од кои првата повикува на почитување на Олимпиското примирје во периодот од седум денови пред почетокот на Олимписките игри до седум денови по затворањето на Параолимписките игри.
ЗОИ 2026 ќе се одржат од 6 до 22 февруари во Милано и Кортина д’Ампецо.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1