Connect with us

Кошарка

Пораз на македонските кошаркарки во дуелот со Хрватска

Македонската женска кошаркарска репрезентација претрпе нов пораз во квалификациите за Евробаскет 2027 откако вечерва загубија од Хрватска со 83:55 (19:17; 25.15; 19:15; 20:8). Ова за македонските кошаркарки е втор пораз во групата откако во претходното коло загубија од Грција, а претходно победија во дуелот со Данска.

Хрватска ја оправда улогата на фаворит во дуелот, додека македонскиот состав беше рамноправен само во првиот период кога во неколку наврати имаше и водство. Противникот пак двоцифрената предност ја оствари во завршницата на првото полувреме.

Во вториот период Хрватска ја покажа својата доминација и на крајот оствари убедлива победа.

Анџелика Митрашиновиќ и Мерит Хемпе во македонскиот состав со по 15 поени беа најефикасни, додека во составот на Хрватска најпрецизни беа Ана-Марија Бегиќ и Андријана Цвитковиќ двете со по 15 голови.

Во вториот дуел од групата од третото коло играат Данска и Грција.

Македонските кошаркарки следниот натпревар го играат на гостински терен против Данска на 11.март 2026 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 3