Connect with us

Ракомет

Пораз на „ѓорчепетровки“ во првиот дуел од Елче

Ракометарките на македонскиот првак Ѓорче Петров претрпеа пораз во првиот натпревар од 3.коло од Европскиот куп од шпанската екипа Елче. Натпреварот се играше во Скопје, но во записникот „домашен тим“ беа ракометарките од Шпанија кои победија со 19:16 (9:7). Двата натпревара ќе се играат во Скопје, а реваншот е утре во 12 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Натпреварот беше изедначен, а во поголемиот дел водеа ракометарките на шпанскиот тим. Највисокото водство кое го имаа беше три разлика во неколку наврати. Во вториот дел, ракометарките Ѓорче Петров имаа во два наврати предност од еден гол (14:13 и 16:15).

Второто водство македонскиот претставник го имаше во 54.минута, а до крајот на дуелот тимот од Шпанија направи серија од 4-0 за конечни 19:16.

Најефикасни на дуелот со по четири голови беа: Ванеса Рубио Витич (Елче) и Армина Исиќ (Ѓорче Петров) двете со по 4 голови. Голманката на Елче Никол Моралес имаше 13 одбрани.

Двете екипи одиграа два натпревара и пред две сезони, Елче беше победник, а воедно го освои и Европскиот куп таа сезона.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2