Connect with us

Кошарка

Рекордни 53 поени за Мајами во првата четвртина

Кошаркарите на Мајами поставија нов рекорд во НБА лигата откако ноќеска во првата четвртина од дуелот со Шарлот постигнаа 53 поени. Шутерското шоу во првите 12 минути беше „зачинето“ со 10 тројки.

Но, до победата Мајами стигна благодарение на последната четвртина бидејќи гостите од Шарлот во третиот период во два наврати го изедначија резултатот. Најефикасни кај победникот беа Норман Пауел со 25 поени и Ендрју Вигинс со 22, додека кај Шарлот 30 поени реализираше Кон Кнупел.

Резултати на ноќеска одиграните дуели: Орландо – Бостон 123: 110, Вашингтон – Кливленд 114:148, Атланта – Торонто 97:109, Бруклин – Детроит 107:125, Сан Антонио – Хјустон 121:110, Мемфис – Далас 118:104, Мајами – Шарлот 126:108, Милвоки – Чикаго 126:110, Минесота – Јута 137:97, Денвер – Голден Стејт 129:104 и Сакраменто – Оклахома 101:132.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3