Кошарка
Атаман незадоволен од настапите на Шортс
Американецот со македонски пасош, Ти-Џеј Шортс имаше лош почеток во новата клупска средина, тимот на Панатинаикос. Член на идеалната петорка на Евролигата од минатата сезона и најкорисен играч (МВП) на Еврокупот (2024) и Лигата на шампионите (2023), тој се приклучи на грчкиот клуб ова лето и има просек од само 6,1 поен и 2,7 асистенции за 14,7 минути по натпревар во Евролигата.
Гласините сугерираат дека Црвена ѕвезда веќе покажа интерес за Шортс да го добие на позајмица.
– Досега, сум 90% незадоволен од неговиот настап во нашиот тим. Не знам чија е вината, негова или наша, но реалноста е дека тој не ги исполнува очекувањата. Не знам ништо за гласините, изјави тренерот на грчкиот тим, Ергин Атаман.
Панатинаикос во досегашниот тек од Евролигата има пет победи и четири порази.
ноември 7, 2025

