Connect with us

Хроника

58 годишен Велешанец пронајден починат на пат

Во Полициското одделение Чашка вчера попладне било пријавено дека на земјен пат кон село Бусилци, во Општина Чашка, било пронајдено тело на починато машко лице. По преземени мерки било утврдено дека се работи за 58 годишниот Ѓ.Ѓ. од Велес.

Како што информира попладнево портпаролот на СВР Велес Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3