Connect with us

Општини

Делегации од Украина, Србија, Бугарија и Турција во Битола по повод Денот на ослободувањето на градот

Општина Битола денот на ослободувањето на градот го слави заедно со делегации на збратимените градови Кременчук од Украина, Стари Град, Белград од Србија, Пожаревац од Србија, Плевен од Бугарија и Бурса од Турција.

За гостите од странство, градоначалникот Тони Коњановски приреди прием во неговиот кабинет каде разменија информации поврзани со локалната соработка, а потоа сите заедно положија цвеќе пред споменикот на паднатите борци за слободата на Битола.

-Денешниот датум претставува потсетник на хероизмот и жртвата на нашите предци кои ја изборија слободата на градот. Наша должност и обврска е нивниот спомен да го чуваме и пренесуваме на идните генерации, како залог за трајна слобода и достоинствен развој на нашиот град, истакна градоначалникот Коњановски.

Свеченостите по повод 4-ти Ноември, денот на ослободувањето на Битола продолжуваат вечер со свечена академија на која ќе бидат доделени општинските награди за едногодишни достигнувања и наградата за животно дело. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1