Connect with us

Општини

Драган Анастасов му честиташе на новоизбраниот градоначалник на Пробиштип Тони Тоневски

Актуелниот градоначалник на Пробиштип, Драган Анастасов воедно и кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ денеска се заблагодари на граѓаните кои во изминатите осум години му ја имаат дадено поддршката, довербата и можноста да менаџира со општината. Анастасов му ја честиташе и победата на новоизбраниот градоначалник на Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Тоневски.

-Му честитам на новоизбраниот градоначалник Тони Тоневски и му посакувам успех во работата. Се надевам дека ќе продолжи со проекти кои значат подобар живот за сите граѓани, без делби и поделби, секој свој на своето, принципи кои мудро и одважно ги градевме и негувавме во изминатите години. Јас Драган Анастасов – Ладич, останувам тука како ваш сограѓанин, пријател и човек кој секогаш ќе работи за доброто на нашата општина, напиша на социјалните мрежи Анастасов.

Тој изрази и благодарност до сите негови соработници.

-Создававме, градевме, решававме проблеми и го менувавме нашиот Пробиштип чекор по чекор. Разликата во резултатот на овие избори од само 29 гласа е доказ дека секој ваш глас има огромна вредност и дека Пробиштип е град со активно и свесно граѓанство. Пробиштип секогаш бил и остана исклучителен град, големиот број граѓани, наспроти партиските притисоци јасно ја искажаа поддршката на концептот Пробиштип за сите, напиша Анастасов.

Тој се заблагодари и на сите кои гласаа на овие избори и им честиташе на храброста и одлучноста.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3