Connect with us

Хроника

Жител на Богданци починал од повреди по физичка пресметка, полицијата уапсила 55-годишник од село Сретеново

Педесет и тригодишен жител на Богданци, Н.Т., починал вчера во болница во Гевгелија по добиени тешки телесни повреди во физичка пресметка со 55-годишник од дојранското село Сретеново, со иницијали В.Р..

Како што соопшти МВР денеска во дневниот билтен, полицијата од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го уапсила В.Р. синоќа во 22:25 часот во неговото село Сретеново.

Претходно, во Стар Дојран настанала физичка пресметка помеѓу него и  Н.Т. (53) од Богданци, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицински центар Гевгелија, каде што подоцна починал.

– По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, телото на починатиот е дадено на обдукција. Лицето е задржано во Полициската станица Гевгелија, а во текот на денот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Министерството за внатрешни работи.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг