Connect with us

Хроника

Приведено лицето кое пукало кон стан во Струга, кај него пронајдени куршуми и дрога

Полицијата привела 48-годишен жител на селото Подмоље осомничен за пукање со пиштол кон стан во Струга. Во неговиот дом пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 22 часот во село Подмоље, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишиле Г.М.(48) од истото село.

– При претрес во неговиот дом извршен по судска наредба, пронајдени и одземени се 25 куршуми и бела прашкаста материја. Г.М. се сомничи дека ноќта на 29/30 октомври со пиштол пукал кон стан во зграда во Струга, при што е направена материјална штета, а повредени лица нема, стои во информацијата.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид, како што стои во соопштението, против Г.М. ќе поднесе соодветни кривични пријави.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг