Connect with us

Ракомет

Победа за нашите ракометари во првиот дуел со Јапонија

Македонската ракометна репрезентација оствари победа во првиот контролен дуел со Јапонија. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров славеа триумф со 29:27 на дуелот што се одигра во салата во Автокоманда и беше од затворен тип, па двајцата селектори Лазаров и Тони Херона имаа можност да комбинираат.

Вториот пријателски дуел двете репрезентации ќе го одиграат на 1.ноември во сабота во Куманово со почеток во 16 часот.

Два натпревара се дел од подготовките на македонскиот национален тим за настапот на Европското првенство што на почетокот на 2026 година ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Нашата репрезентација во првата фаза ќе игра во група со Данска, Португалија и Романија. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2
Маркетинг