Connect with us

Кошарка

Марканен стана првиот играч на Јута по 27 години со 50 поени на НБА натпревар

Кошаркарот на Јута, Лаури Марканен, постигна 51 поен ноќеска во победата од 138:134 над Финикс Санс.

Финецот стана првиот играч на „Џезерите“ кој постигнал +50 поени во еден натпревар од април 1998 година. Пред 27 години, ѕвездата на Јута, Карл Малоун постигна 56 поени против Голден Стејт.

Јута победи на два од почетните три натпревари во сезоната 2025/26 и е на 5. место во Западната конференција.

Марканен е член на Јута од 2022 година. Претходно во НБА-лигата играше за Кливленд кавалирс и Чикаго булс.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2
Маркетинг