Connect with us

Кошарка

Смилковски: Посебен момент за нас, прв АБА натпревар пред своја публика

Кошаркарите на ТФТ утре ќе испишат уште една страница во својата клупска историја. Во Скопје во дуел од АБА 2 лигата гостува екипата на Војводина од Нови Сад.

–  Ова е посебен момент за нас, за првпат АБА натпревар ќе играме пред своја публика и тоа против Војводина, екипа која е фаворит за најдобар пласман во лигата. Подготовката за дуелот воопшто не е лесна. Тоа е екипа предводена од тренерот Димитријевиќ, екипа која игра модерна кошарка со искусни и квалитетни играчи за ова ниво. Нашата шанса е во енергетскиот пристап и агресивната одбрана. Верувам дека ќе презентираме добра и модерна кошарка и да пробаме да го одбраниме домашниот терен, изјави пред дуелот тренерот на ТФТ Боро Смилковски.

Натпреварот ТФТ – Војводина се игра утре (вторник) во СРЦ Кале со почеток во 18 часот. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3
Маркетинг