Connect with us

Ракомет

Борзаш се повреди на дуелот со Еурофарм Пелистер 2

Левиот бек на Алкалоид Урош Борзаш на вчерашниот првенствен натпревар со Еурофарм Пелистер 2 доживеа повреда на левата дланка. По само неколку минути откако мина во игра, заедно со физиотерапевтот Тоше Трајковски го напушти теренот.

Борзаш се повреди во еден дуел во одбраната. Неизвесна е тежината на повредата, но српскиот репрезентативец ќе мора да биде на пауза.

Отсуството на Борзаш ќе биде големо особено во следниот период, бидејќи за Алкалоид следуваат дуелите: Вардар гости; Охрид гости; Тиквеш дома и Еурофарм Пелистер гости – сите во месец ноември.

Тренерот Лазаров на вчерашниот дуел на позицијата лев бек го користеше Емилијан Ѓорговски.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1
Маркетинг