Кошарка
Ветеранот Диандре Џордан потпиша за Њу Орлеанс
НБА лигашот Њу Орлеанс потпиша едногодишен договор со 37-годишниот американски кошаркар Диандре Џордан, јавија денеска локалните медиуми.
Договорот е вреден 3,6 милиони долари, колку што е во границата на минимумот за ветерани.
За Џордан ова ќе биде осмиот тим во неговата кариера и негова 18. сезона во НБА лигата.
Изминатите три сезони Џордан настапуваше за Денвер со кој ја освои титулата во 2023 година.
Во својата кариера Џордан настапуваше и за Лос Анџелес Клиперс, Далас, Њујорк, Бруклин, Лос Анџелес Лејкерс и Филаделфија.
октомври 25, 2025

