Фудбал
Билетите за гостувањето на македонските фудбалери во Кардиф од денеска во продажба
Почна продажбата на билетите за завршниот натпревар на македонската репрезентација во мундијалските квалификации против Велс во Кардиф, објави денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
За македонските навивачи според правилата на УЕФА се издвоени близу 1500 билети во секторот од стадионот наменет за гостински навивачи.
„Цената на влезница, утврдена од Фудбалската асоцијација на Велс, изнесува 2.800денари “, се наведува во соопштението на ФФМ.
Купувањето на билетите ќе се одвива преку официјалната платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk.
Натпреварот во Кардиф, во рамки на осмото коло во групата Ј во квалификациите за пласман ана Светското првенство 2026, е закажан за 18 ноември, со почеток во 20:45 часот.
Макеоднската репрезентација е второпласирана во групата со 13 бодови од седум натпревари, еден помалку од лидерот Белгија, а два повеќе од Велс, кои имаат одиграно натпревар помалку.
октомври 25, 2025

