Фудбал
Реал без Алаба против Барселона

Во последниот натпревар од Ла Лига против Хетафе, 33-годишниот фудбалер на Реал Мадрид, Давид Алаба, се повреди и затоа ќе го пропушти големото дерби против Барселона во Мадрид.
Алаба заработи истегнување на листот и му беше препорачана десетдневна пауза, што значи дека нема да биде подготвен за Ел Класико, кое ќе се игра на 26 октомври на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Реал моментално е водечки на табелата во Ла Лига и има предност од два бода пред Барселона, актуелниот шампион.
Повредата на Алаба само дополнително ги влоши проблемите на Реал во дефанзивната линија. Александер-Арнолд, Рудигер, Карвахал и Хујсен од преходо се надвор од тимот, што ќе претставува значителни проблеми во тешкиот натпревар против Барселона.
Mеѓутоа и Барселона во последно време се мачи со бројни повредени играчи. Тер Штеген, Дани Олмо, Гави и Рафиња нема да играат против Реал, а под знак прашалник е и настапот на Левандовски.
Алаба е член на Реал од 2021 година и одигра 77 лигашки натпревари за мадридскиот клуб, постигнувајќи три гола.
октомври 23, 2025