Connect with us

Фудбал

Тонали го продолжи договорот со Њукасл

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Сандро Тонали (25) го продолжи договорот со Њукасл за уште една сезона, до јуни 2029 година, јавија денеска британските медиуми.

Соработката меѓу Њукасл и Тонали би можела да трае уште подолго, бидејќи премиерлигашот има опција за продолжување за уште една година.

Италијанскиот играч од средниот ред му се приклучи на Њукасл во летото 2023 година од Милан во трансфер вреден 59 милиони евра. Во октомври истата година, Италијанската фудбалска федерација му изрече десетмесечна суспензија поради кршење на правилата за обложување, но и покрај суспензијата, Њукасл застана зад Тонали, а тој им се оддолжи со добри настапи и продолжување на договорот.

Минатата сезона, Тонали постигна шест голови и додаде три асистенции во сите натпреварувања за Њукасл.