Фудбал
Медиуми: Ливерпул во Семењо гледа наследник на Салах

Англискиот првак Ливерпул ќе се обиде во зимскиот преоден рок да го ангажира репрезентативецот на Гана, Антоан Семењо, во кого гледа замена за Мохамед Салах на долгорочен план, јавија денеска британските медиуми.
Салах постигна 248 голови на 412 натпревари во повеќе од осум години во клубот, но во моментов пинува низ тежок период. Египетскиот репрезентативец седум последователни натпревари во Премиер лигата е без постигнат гол, што е негов најдолг таков период во дресот на Ливерпул.
Семењо, од друга страна, одлично ја почна сезоната, постигнувајќи шест голови на осум натпревари во Премиер лигата.
Откако го отфрли интересот од Тотенхем и Манчестер Јунајтед, репрезентативецот на Гана одлучи да остане лојален на Борнмут, потпишувајќи петгодишен договор.
Медиумите наведуваат дека оваа одлука се исплатеше богато за Борнмут, но наведуваат дека можеби нема да го задржат долго во клубот и Ливерпул ќе испрати понуда веќе во јануарскиот преоден рок кога ќе биде активирана клаузулата за ослободување во неговиот тековен договор.