Connect with us

Ракомет

Ракометарите на Вардар триумфираа во Тулуз

Македонскиот вицешампион Вардар вечерва оствари голема победа откако во 2.коло од ЕХФ Лига Европа го совлада францускиот Тулуз на гости со 28:26 (18:11). Ова за „црвено-црните“ е втора победа во групата Ф.

Вардар одлично го почна натпреварот, а водство имаше во текот на целиот натпревар. Единствено резултатот беше нерешен 1:1, а Вардар направи серија од 5-0 за водство до 6:1. На почетокот на вториот дел Вардар поведе и со +9 (20:11 и 21:12), но потоа Тулуз имаше серија од 10:2 и стигна до негатива од еден гол. Сепак избраниците на Иван Чупиќ, најдоа сили и го задржаа водството до крајот на дуелот.

Најефикасен кај Вардар беше Јака Малус со 6 голови, додека на дуелот најпрецизен беше Немања Илиќ од Тулуз со 7 голови.

На вториот дуел од група Сесвете – Кристијанстад 32:32.

Вардар е лидер на табелата со 4 бодови, Кристијанстад има 3, Сесвете 1, Тулуз 0.

Во следното коло Вардар на 11.ноември гостува кај Кристијанстад.